Connect with us

Економија

Мицкоски за финансиите: Нема зголемување на буџетскиот дефицит, за две години, од држава што коленичеше, станавме фактор на стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и покрај мерките што се преземаат за ублажување на последиците од кризата и се во полза на граѓаните, но може да го намалат приливот во буџетот, Владата засега не планира да го зголеми буџетскиот дефицит. Доколку во иднина за тоа се јави потреба, вели премиерот, ние имаме опции од каде да ги обезбедиме тие пари и со поволни услови.

– Буџетскиот дефицит во моментот е проектиран на 3,5 проценти. Дали ќе го прошириме, ќе зависи од тоа како оваа криза понатаму ќе се одвива и какви ќе бидат приходите во буџетот. Сега од оваа перспектива, ако ме прашате, не планираме бидејќи во првиот квартал од годината приходите се во рамките на планираните. Но како ќе биде сега во вториот квартал, не знамм бидејќи треба да видиме како ќе се одвива кризата. Претпоставуваме, креираме сценарија и врз основа на тие сценарија ќе дејствуваме – рече Мицкоски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Доколку има потреба да се зголеми буџетскиот дефицит, потенцира премиерот, Владата ќе каже дали тоа ќе биде зголемување на 4 или 4,5 проценти.

– Ние како Влада почнавме со консолидирање на буџетскиот дефицит од нешто над 4,5 проценти и сега дојдовме до 3,5 проценти од БДП. Како ќе биде понатаму, ќе повторам, не знам. Зависи од целокупната состојба глобално. Можеби ќе треба да се зголеми малку буџетскиот дефицит за 0,2 или 0,3 проценти, а можеби и ќе нема потреба. Ако кај нас од буџетскиот дефицит се тргнат трошоците за камати, тогаш ние имаме навистина една стабилна ситуација и тоа набргу ќе биде, претпоставувам, интересна вест за за медиумите. Можеби ќе бидеме единствената држава во регионот со стабилни изгледи на економијата за разлика од други економии, на кои некои од агенциите веќе им предвидуваат негативни негативен тренд – рече Мицкоски.

Повтори оти во овој момент не се планира проширување на буџетскиот дефицит со нови непланирани задолжувања, но, како што рече, ако за тоа има потреба, тогаш ќе биде донесено најдоброто решение.

– Ќе се донесе одлука што ќе биде најдобра, како и до сега. Нема да донесеме одлука што ќе биде погрешна, така што апсолутно да бидете сигурни дека сите опции се разгледуваат – рече Мицкоски.

Тој не исклучи можност, ако има потреба, задолжувањето да биде кај домашните банки, но и кај меѓународните. Опција, според него, се и кредитите од држава за држава.

– И меѓународни банки се опција. Опција се и друг тип на заеми. Сѐ она што нам ќе ни овозможи најдобри услови е опција. Дали ќе биде ова или она, не можам да кажам. Портфолиото е мешано, ќе зависи од условите на пазарот, а секако дека ќе ги земеме најевтино. Ако се прошири буџетскиот дефицит, тогаш да ќе бараме пари за да го покриеме. Во разговори сме со македонските банки, но и во разговори со нашите партнери на меѓународната заедница, ние имаме опции од каде да ги обезбедиме тие пари и со поволни услови, Затоа неслучајно го кажав тоа дека некои држави во регионот веќе имаат негативни изгледи во нивниот кредитен рејтинг од страна на некои од агенциите, а кај нас е стабилен или позитивен, во зависност со која агенција го дава кредитниот рејтинг. Е, сега, верувале или не, оваа Влада во овие две години успеа да ги консолидира работите и од држава што коленичеше, станува фактор на стабилност и така ќе продолжиме како Влада да се однесуваме – рече Мицкоски

Маркетинг
Ad 2
Ad 3