Connect with us

Фудбал

Хакими: Го чекав овој момент и титулата

Капитенот на мароканската репрезентација Ашраф Хакими го прекина периодот на молчење по драмата во финалето на Купот на африканските нации. Тој во поткаст каде беше гостин заедно со Чуамени и Мбапе за првпат зборуваше за случувањата од финалето.

Африканската федерација ја смени одлуката и трофејот по административен пат му го додели на Мароко, а како причина беше наведено дека фудбалерите на Сенегал се повлекле од теренот. Инаку, на теренот Сенегал оствари победа. Хакими без разлика на начинот го прифаќа таквиот исход.

–  Многу сме среќни. Долго го чекав овој момент. Иако победата дојде на овој начин, изјави Хакими.

Мароко ја слави титулата, но Сенегал одбива да го врати пехарот и најавува нова жалба.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1