Connect with us

Свет

Автобус со деца се преврте во Русија, возачот загина, неколку деца повредени

Најмалку едно лице загина денеска кога автобус полн со деца се преврте во регионот Саратов во Русија.

Според Државниот инспекторат за безбедност во сообраќајот, возачот на автобусот го загубил животот откако му се слошило додека возел, по што автобусот се превртел.

Според Министерството за здравство, девет лица, меѓу кои осум деца, се хоспитализирани од местото на несреќата.

Повредените се однесени во болницата во Петровскиот округ.Некои се во тешка состојба.

Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, извести дека во автобусот имало 23 деца и двајца возрасни.

Децата патувале од Јершов на екскурзија до Пенза.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4