Connect with us

Свет

Судот го одби барањето на убиецот од Бонди Бич да не се објавува иднетитетот на неговите најблиски

Судот во Сиднеј го одби барањето на Навид Акрам (24), обвинет за убиство на 15 лица во терористичкиот напад во Бонди Бич за продолжување на мерката за заштита на идентитетот на членовите на неговото семејство.

Акрам, кој се соочува со 15 обвиненија за убиство и едно за извршено дело тероризам, побара од Судот во Нов Јужен Велс да не се обелоденуваат имињата и адресите на неговата мајка, брат и сестра, но судијата го одби барањето и ја укина привремената мерка за нивна заштита.

Адвокатите на одбраната беа на став дека имињата на членовите на неговото семејство треба да останат под затштита поради стравувања за нивната ментална и физичка безбедност.

Нападот се случи во декември за време на прославата на еврејскиот празник Ханука во паркот Арчер во Сиднеј, при што беа ранети десетици лица. Нападот го извршија обвинетиот Акрам и неговиот татко, Саџид Акрам (50), кого полицијата го застрела на местото на настанот.

Акрам треба повторно да се појави пред суд следната недела. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1