Connect with us

Вести

ДКСК го објави извештајот за следење на системот на интегритет за 2025 година

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информира дека е објавен извештајот за следење на системот на интегритет за 2025 година. Наодите во него укажуваат на позитивни поместувања во повеќе сегменти, вклучително зголемена вклученост на институциите, унапредување на интерните политики и поголема примена на алатки за процена и управување со ризици од корупција.

Истовремено, извештајот укажува и на потребата од понатамошно унапредување, особено во делот на практичната примена на воспоставените механизми и јакнењето на административните капацитети.

– Во таа насока, ДКСК препорачува поголем фокус на практична примена на актите за судир на интереси, воспоставување евиденција на изземања, јасни правила за подароци и гостопримства, унапредување на контролите во јавните набавки, редовна процена на ризиците од корупција и континуирани обуки за вработените и раководството – велат од ДКСК.

Извештајот е објавен на веб-страницата на ДКСК и доставен до Собранието, Владата, Делегацијата на Европската Унија, Кабинетот на претседателката на државата и до институциите потписнички на политиката за интегритет.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3