Вести
Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој е во дводневна посета на земјата.

Како што објави Мицкоски на „Фејсбук“, посетата претставува значаен чекор во зајакнувањето на пријателските односи и соработката помеѓу нашите две земји.
– Разговаравме за продлабочување на економската, политичката и регионалната соработка, како и за заедничките европски перспективи. Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок – напиша Мицкоски.
април 2, 2026

