Хроника
Приведени шестмина за безобѕирно управување возило, еден предизвикал и сообраќајка
Полициските службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на територија на државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираа од МВР.
Од Министерството апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
– Да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, нагласија од МВР.
март 31, 2026

