Connect with us

Вести

Советот на јавните обвинители ја одби иницијативата на Ленче Ристоска за политички притисоци

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

Во образложението беше наведено дека изнесените наводи не се доволно конкретизирани за да се утврди реално влијание врз нејзината самостојност. Според членката Маријана Илиевска, изјавите и јавните напади, иако несоодветни, не биле директно поврзани со нејзиното одлучување како обвинител.

Советот заклучи дека нема докази за загрозување на професионалниот интегритет или за надворешно влијание врз работата на Ристоска.

На седницата беа донесени и одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства низ државата, по што продолжи разгледувањето на дисциплински предмети

Маркетинг
Ad 2
Ad 1