Вести
Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, создаваме модерен аеродром кој ќе привлече бројни туристи
Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи.
Вицепремиерот во својот говор истакна дека ова е значајна инвестиција во време кога Владата со своите политики сериозно го развива авиосообраќајот преку воведување на 24 нови авиолинии, превезени преку 3, 3 милиони патници и крупни инфраструктурни проекти околу аеродромот.
Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:
“Ова е навистина еден посебен ден, затоа што можете сите да видите дека започнуваме so сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Ова практично се случува во оваа големина и на овој начин прв пат откако аеродромот е изграден. После добивањето на концесијата со ТАВ се прошири и се модернизираше аеродромската писта, а сега еве прв пат имаме сериозно проширување, надградување и реконструкција на аеродромот што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.
Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, за патници кои што пријатно ќе се чувствуваат кога се летуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ќе значи многу повеќе можност за туризам, за бизнис и за поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги спомнам.
Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат. Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс” – се обрати вицепремиерот Николоски.
март 29, 2026

