Хроника
Полициска акција во Дебар: Лишени од слобода две лица, евидентиран и физички напад
Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера на регионалниот пат Дебар-Маврово го лишиле од слобода Г.Ј. (52) од село Крупишите, Општина Карбинци.
-При преземени мерки полициските службеници во 17:50 часот сопреле патничко возило „Ауди” кое тој го управувал, при што е констатирано дека Г.Ј. има забрана за управување на патничко возило, информираа од Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Вчера, во 12:55 часот на улица „Јусуф Грвала” бил лишен од слобода Ш.Б.(54) од Дебар, кој возилото „Сеат” го управувал без возачка дозвола.
-Вчера во 12:15 во ОВР Дебар А.К.(72) пријавил дека на улица „Петре Поповски” во Дебар, по претходна расправија, додека извршувал работни задачи за градежна фирма, бил физички нападнато од И.Љ.(55) од Гостивар, одговорен во форма, додаваат од полицијата.
ОВР Дебар по документирање на случаите ќе поднесе соодветни пријави.


