Connect with us

Вести

Јаневска: Со поголема академска соработка малите држави од Западен Балкан може да го отклучат големиот регионален потенцијал

Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование зголемувајќи ја нивната видливост, но и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици, кои бараат нови модели за привлекување и задржување студенти и кадри. Недостигот на вештини и иселувањето на талентите не може да се решаваат изолирано, туку преку мобилност, циркулација на идеи и, пред сè, преку заеднички решенија.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на затворањето на конференцијата, на која во изминатите два дена беа презентирани многубројни идеи, искуства и насоки за унапредување на интернационализацијата и засилување на регионалната соработка во делот на високото образование.

Беше потенцирана важноста на инвестирањето во знаење, иновации и врски со индустријата, како и усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд, како основа за создавање конкурентен и иновативен систем на високо образование.

„Ние сме мали држави во регион со огромен потенцијал. Зголемените вложувања во високото образование, засновани на регионална соработка и размена на искуства во рамките на европските мрежи и иницијативи, но и пошироко, ќе ни помогнат да споделуваме ресурси, да креираме заеднички проекти и да изградиме хабови за иновации, кои ќе го забрзаат економскиот и општествениот развој на сите нас“, рече Јаневска.

Во следниот период претстои сумирање на сугестиите и предлозите, како и нивно преточување во приоритети и конкретни мерки, кои ќе го придвижат регионот кон поголема мобилност, соработка и иновации.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2