Connect with us

Вести

Филков: Предлог-законот за Советот на јавните обвинители претставува еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем

Предлог-законот за Советот на јавните обвинители, кој денеска се разгледува во прво читање, претставува еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем и зајакнувањето на владеењето на правото – истакна министерот за правда Игор Филков пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Министерот Филков информира дека законот добил позитивно мислење и од Венециската комисија со неколку препораки, кои се вградени во предлог-законот за Советот на јавните обвинители.

– Овој закон е дел од поширок реформски пакет и има цел да одговори на утврдените слабости во функционирањето на Јавното обвинителство и неговите управувачки структури, како и да обезбеди усогласување со европските стандарди и препораки. Предло-законот за Советот на јавните обвинители заедно со предло-законот за јЈвното обвинителство беа доставени на мислење до Венециската комисија и притоа таа усвои позитивно мислење со неколку препораки. Сите препораки се внесени во предлог-законот. Иако не постои единствен модел за совет на јавните обвинители во Европа, рече министерот Филков, сепак нашата цел беше да создадеме модел штој ќе биде во согласност со највисоките европски стандарди и ќе одговара на нашите институционални потреби. 

Министерот за правда во своето обраќање пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците посочи дека донесувањето на овој предлог-закон ќе значи исполнување чекор од реформската агенда во областа од владеење на правото. 

– Со овој закон се воведуваат суштински реформи во повеќе сегменти, се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители, се воведуваат јасни и транспарентни критериуми, се гарантира нивна стручност, искуство и интегритет по примерот на критериумите предвидени во новиот закон за Судскиот совет, а со тоа се гарантира избор на најквалитетни кадри. Се воведуваат обврски за целосно и аргументирано образложение на одлуките за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на обвинителите, се воведува доследна примена на системот на заслуги, се зајакнува транспарентноста на Советот преку обврска за објавување одлуки и извештаи, јавно одржување седници и директни преноси и информирање на јавноста. Овој закон има повеќекратно значење. Придонесува кон зајакнување на довербата на граѓаните во правосудниот систем, создава јасни правила и процедури, кои ја намалуваат можноста за арбитрарност и влијание. Претставува важен чекор во процесот на европска интеграција на државата преку усогласување со европските стандарди и практики, ја зајакнува институционалната стабилност и професионалноста на Јавното обвинителство – нагласи  Филков.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го прифати предлог-законот за Советот на јавните обвинители и го проследи за понатамошно читање во Собранието. На денешната седница, а во функција на предложениот закон за јавни обвинители, надлежната собраниска Комисија донесе одлука да се одржи јавна расправа, која, според заклучокот на Комисијата, ќе се одржи во првата половина од идниот месец.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1