Connect with us

Хроника

Пијан возач удрил во паркирано возило во Струга и избегал, уапсен од полицијата

Со 2,06 промили алкохол во крвта, лице од струшкото село Калишта управувало автомобил, удрило во паркирано возило и избегало, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 17 часот и 15 минути во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Л.Т.(60) од селото Калишта.

– При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода со материјална штета на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, во која патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, удрило во   паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ќ. од селото Велешта,струшко. Полициските службеници констатирале дека Л.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, стои во соопштението на СВР Охрид.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2