Хроника
Уапсени шест лица за организирање борба на кучиња во Куманово
Полициски службеници уапсиле шест лица за организирање борба на кучиња во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, наведуваат од Министерството.
Од МВР посочуваат дека лицата се приведени во полициска станица и најавија дека по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
март 25, 2026

