Хроника
Струшката полиција најде пиштол кај двајца браќа, едниот малолетен
Деветнаесетгодишник од Струга и неговиот малолетен брат биле приведени од полицијата поради незаконско поседување пиштол, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот и 45 минути во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишиле од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
– При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 милиметри и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени, стои во соопштението на СВР Охрид.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна приајва.
март 25, 2026

