Хроника
Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице
СВР Битола информира дека вчера во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од селото Сопотница, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д (64) од село Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка.
По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава, потврдија од СВР Битола.
март 25, 2026

