Хроника
Кривична пријава за напад на малолетничка во Струга
Кривична пријава е поднесена на 35-годишно лице од Струга поради напад на 15-годишно девојче во Паркот на поезијата, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга поднела кривична пријава против Ф.М.(35) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „насилство врз дете“.
Во паркот на поезијата во Струга, како што е наведено, на 6 март, пријавената физички нападнала 15-годишно девојче од Струга.
март 24, 2026

