Вести
ФЗО ги повика ЈЗУ кои имаат апарати за магнетна резонанца да проверат уште колку хелиум имаат, дури сè уште е достапен на европскиот пазар
Фондот за здравствено осигурување упати предупредување до јавните здравствени установи кои имаат апарати за магнетна резонанција да проверат уште колку хелиум имаат бидејќи цените на овој гас се зголемија по војната во Иран. Ова денеска го истакна директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Испративме предупредување до јавните здравствени установи кои имаат магнетна резонанција да си ги проверат состојбите со апаратите и состојбите со хелиумот бидејќи хелиумот е една од суровините што е погодена од војната во Иран. И веќе скокнаа цените за 30 отсто на европскиот пазар. Без хелиум не може да работат магнетните резонанции. Предупредени се да постапат со проверките – реле Клековски.
Побаравме, додаде тој, да се напарават навремени проверки на состојбите на магнетните резонанции во земјата дури сè уште има достапен хелиум на европскиот пазар.
март 23, 2026

