Свет
Бирол: ИАЕ се консултираше со земјите-членки за ослободување на стратешките резерви на нафта
Меѓународната агенција за енергетика (ИАЕ) се консултираше со владите во Азија и Европа за „доколку е потребно“ да ослободат поголемо количество од стратешките резерви на нафта, наведе извршниот директор на ИАЕ, Фатих Бирол.
– Доколку е потребно, секако дека ќе го направиме тоа. Ќе ги следиме условите, ќе ги анализираме и проценуваме пазарите и ќе разговараме со нашите земји-членки, наведе Бирол.
Земјите-членки на ИЕА на 11 март се согласија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од стратешките резерви за да го ограничат порастот на глобалните цени на суровата нафта.
Бирол истакна дека кризата на Блискиот Исток е „многу тешка“ и посериозна од двата нафтени шокови од 70-тите години од 20 век и влијанието на војната меѓу Русија и Украина врз природниот гас.
– Најважното решение за овој проблем е отворањето на Ормутската Теснина, посочи Бирол
март 23, 2026

