Connect with us

Хроника

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва во објекти на подрачје на Бит Пазар, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва се случиле синоќа во објекти на подрачје на Бит Пазар, информираат од МВР од каде посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 

-На 21.03.2026 околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61), посочуваат од полицијата. 

Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало во намерата, по што се дало во бегство.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3