Connect with us

Свет

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги уништи иранските електрани доколку Техеран не ја отвори целосно Ормуската Теснина за бродови во рок од 48 часа.

Изјавата на Трамп, дадена доцна синоќа на социјалните мрежи, е само еден ден откако тој најави дека САД размислуваат за „постепен крај“ на операцијата на Блискиот Исток.

„Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормуската Теснина во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи од најголемата!“.

Заканата од ирански напади ги спречува повеќето бродови да минуваат низ Ормуската Теснина – релативно тесен воден пат кој служи за испорака на околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, што потенцијално предизвикува глобален енергетски шок.

Затворањето на теснината за речиси сите бродови минатата недела ги зголеми цените на енергенсите во Европа до 35 проценти.

Во меѓувреме, американско-израелскиот конфликт со Иран влезе во нова фаза откако Иран испука две балистички ракети кон американско-британската воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан.

Претходно, „Волстрит џурнал“ објави дека Иран испукал две балистички ракети со среден дострел кон базата, но не успеал да ја погоди.

Во синоќешни ирански ракетни напади погодени се јужните израелски градови Димона и Арад, при што има жртви и најмалку 100 повредени.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4