Connect with us

Свет

Германската ЦДУ останува прва политичка сила во покраината Хесен по локалните избори

Демохрастијанскиот сојуз на канцеларот (ЦДУ) Фридрих Мерц останува водечка политичка сила во германската сојузна покраина Хесен.

Според прелимираните резултати, на вчера одржаните локални избори партијата освои 29,7 отсто од гласовите на избирачите во покраината. Втора на изборите се позиционираше Социјалдемократската партија со освоени 20,2 отсто од гласовите.

Антимигрантската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) што минатата година беше втора на сојузните избори, во Хесен се наоѓа на третото место со 15,9 отсто од гласовите.

Четвртото место според прелиминарните резултати го освои коалицијата на Алијанска 90 и Зелените со 14,4 проценти, додека петта е Партијата на слободните демократи со освоени 3,7 проценти од гласовите.

Излезноста на изборите изнесуваше 54,4 проценти, што е повеќе во споредба со изборите пред пет години кога на избори излегоа 50,4 отсто од избирачите.

Право на глас на вчерашните избори имаа околу 4,7 милиони граѓани. Кандидатите се натпреваруваа за мандати во општинските совети.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2