Хроника
Извадено женско тело од водите на реката Вардар, се работи за 50 годишна исчезната Скопјанка
Полициски службеници од СВР Скопје од водите на реката Вардар извадиле тело на женско лице, кое претходно од нејзиното семејство било пријавено за исчезнато.
Телото на починатата, како што информираат од МВР, е извадено вчера околу 11:00 часот, по што лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител било дадено на обдукција.
-Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И. од Скопје, за која во меѓувреме член на нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила – информираат од МВР.
Од МВР посочуваат дека извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.
март 13, 2026

