Connect with us

Општини

МЖСПП: Продлабочување на партнерството со ЕБОР за модерна инфраструктура и зелени инвестиции

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој, предводена од Елена Гордеева, директор и раководител на Секторот за инфраструктура за Европа, со седиште во  Лондон и Фатих Туркменоглу, раководител на ЕБОР за Македонија, соопшти вечерва прес-службата на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

На средбата се разговарало за тековната соработка меѓу Министерството и ЕБОР и за можностите за нивно понатамошно унапредување.

– Претставничката на ЕБОР изрази подготвеност за продолжување и проширување на соработката, со фокус на модернизација на инфраструктурата, зелена транзиција и подобрување на квалитетот на животната средина. Министерот Хоџа ја истакна важноста на партнерството со ЕБОР во реализацијата на клучните еколошки проекти во Македонија, нагласувајќи дека поддршката од меѓународните финансиски институции е исклучително значајна за забрзување на реформите и воведување современи решенија за предизвиците во животната средина, информира МЖСПП.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1