Connect with us

Вести

Николоски: Откако лагите на СДСМ за мигрантите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите

Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно!

Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за “мигранти за пари”, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт, Александар Николоски, откако британскиот амбасадор во нашата земја Лосон, за ТВ 24 изјави дека никогаш не постоел никаков договор за „мигранти за пари“ при потпишување на стратешкиот договор и договорот за шест милијарди фунти меѓу нашата земја и Велика Британија.

„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти.
Тоа е историско постигнување за Македонија.
Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите:
– БРЗА ПРУГА ТАБАНОВЦЕ – КУМАНОВО – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ГЕВГЕЛИЈА – СОЛУН.
– БОЛНИЦИ ВО ШТИП, ТЕТОВО И КИЧЕВО
– СОРАБОТКА ВО ОДБРАНАТА И САЈБЕР ПРОСТОРОТ
За доброто на македонските граѓани и вечно пријателство на Македонија и Велика Британија!“, напиша Николоски.

Со ова тој одговори на повеќемесечната кампања која против него и Владата на Мицкоски се водеше дека при потпишување на Договорот со Бритаија, тие се согласиле во нашата земја да бидат примени и да бидат изградени кампови за десетици илјади мигранти на кои Лондон не им одобрил престој во таа земја.  

Маркетинг
Ad 1
Ad 3