Хроника
Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
Кавадарчанец бил измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 13:30 часот во ОВР – Кавадарци, 56-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Според пријавеното, тој преку интернет контактирал со лицата, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да ги уплати парите на компанијата и на тој начин ќе инвестира во берза. Како што е пријавено, тој во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, со што сфатил дека бил измамен, информираа од СВР – Велес.
Се преземале мерки за расчистување на настанот.
март 7, 2026

