Connect with us

Хроника

Повозрасна кавадарчанка измамена за пет илјади евра од лажен лекар

Повозрасна кавадарчанка била измамена за пет илјади евра од лажен лекар, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 21 часот во ОВР – Кавадарци, 81-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена, појаснија од СВР – Велес.

Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4