Connect with us

Хроника

Албански државјанин во Дебар возел со 1,83 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода албански државјанин кој управувал возило под дејство на алкохол.

Вчера во 12:55 часот кај месноста „Банишка раскрсница“ во близина на Дебар, полициски службениците  го лишиле од слобода А.М.(43) од Албанија.  
 
-При контрола во патниот сообраќај,  полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. 
 
 По наредба на јавен обвинител, тој е исклучен од сообраќај, одземено му е патничкото возило и поднесена му е кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик –  „безобѕирно управување моторно возило“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2