Connect with us

Вести

ОЈО отвори предмет против Виктор Стојанов, на социјални мрежи ширел омраза кон Македонската држава

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, осомничениот преку посебно креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет.

По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршиле претрес и одзеле пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

Од Обвинителството посочуваат дека на ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.

Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази

Маркетинг
Ad 1
Ad 1