Connect with us

Хроника

Кокаин пронајден кај две лица од гостиварско село

Две лица во Гостивар биле лишени од слобода, откако кај нив денеска бил пронајден и одземен кокаин, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска во 1:20 часот на улицата „Беличица“, полициски службеници од ОВР – Гостивар ги лишија од слобода Н.А.и Џ.Ш., на возраст од 45 и 39 години, двајцата од гостиварско село, затоа што при преглед во возило во кое се превезувале, кај нив бил пронајден и одземен кокаин, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа, ќе следува соодветен поднесок.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3