Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.
Точното време на нападот засега варира од извор до извор, но се смета дека најверојатно започнал во 5:30 часот утрово по македонско време или околу 7 часот во Техеран.
февруари 28, 2026

