Connect with us

Вести

Унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи во фокусот на средбата Мицкоски – Грлиќ Радман

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на која, како што информира, разговарале за унапредување на билатералната соработка, продлабочување на економските и политичките односи, како и за заедничките европски перспективи и регионалната стабилност.

На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била потврдена подготвеноста за натамошна соработка и заемна поддршка во интерес на двете земји.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2