Connect with us

Економија

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%, соопшти Народната банка на РСМ.

-Во јануари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,15 п.п. на месечна основа и изнесува 4,40%, додека на годишна основа е намалена за 0,30 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,33% и оствари месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, наведуваат од НБ.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4