Connect with us

Свет

Уругвај и Аргентина го ратификуваа трговскиот договор ЕУ-Меркосур

Уругвај и Аргентина се првите држави што го ратификуваа трговски договор помеѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур.

Парламентот на Уругвај денеска го изгласа договорот, еден ден откако истиот беше усвоен од Сенатот. Набрзо и Конгресот на Аргентина го ратификуваше договорот.

Се очекува за неколку дена и Бразил да им се придружи на своите два соседа. Четвртата земја во Меркосур е Парагвај.

Што се однесува до ЕУ, Европскиот парламент минатиот месец побара од Судот на правдата во Луксембург да даде мислење за договорот. Потоа ЕП ќе продолжи со гласање – нешто што може да потрае неколку месеци. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3