Connect with us

Свет

Во Кенија е уапсен маж осомничен за регрутирање на околу 1.000 луѓе за руската армија

Кениската полиција соопшти дека уапсила маж „осомничен дека е клучен играч во огромна мрежа за трговија со луѓе“, кој се сомничи дека испратил повеќе од 1.000 Кенијци во Русија, од каде што многумина биле насилно регрутирани во војска, објавија француските медиуми.

Фестус Омвамба (33), „кој бил под полициски надзор поради вмешаност во трговија со луѓе“, е уапсен во Мојале, град на границата со Етиопија, соопшти полицијата.

Се додава дека Омвамба е основач на агенцијата за регрутирање „Глобал Фејс Хјуман Ресурси“, низ која поминале многу жртви.

„До денеска, повеќе од 1.000 Кенијци се регрутирани и отишле да се борат во руско-украинската војна“, изјави минатата недела пратеникот Кимани Ичунгва.

Тој додаде дека имал увид во заедничкиот извештај на разузнавачките служби и одделот за кривични истраги

Маркетинг
Ad 3
Ad 1