Connect with us

Хроника

Нападната корисничка во Дом за стари лица Куманово

Корисничка на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово, била нападната од две други кориснички, соопшти денеска СВР Куманово.

-Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово, од Ургентен центар Куманово било пријавено дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот за стари лица во Куманово. Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот, соопшти полицијата.

Од Домот за стари лица потврдуваат дека се информирани за настанот и дека ќе чекаат на целосниот извештај од полицијата за да преземат конкретни мерки.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4