Connect with us

Свет

Шикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, денеска во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека тука нема да застане, како и дека меѓународниот поредок, разнишан до темели, и турбуленциите во светот, не ѝ оставаат на Варшава простор за луксуз на пасивност.

„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да парализира. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Шикорски на пратениците во Сејмот, долниот дом на полскиот парламент. 
 
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.

„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Шикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – кибернапади, конкретно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзии и саботажи и масовно ширење дезинформации на интернет.

„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослаби довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел објавува“, рече Шикорски.

Тој на сите во Полска што мислат дека помошта за Украина не се исплати им препорача дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3