Хроника
Малолетник управувал автомобил, полицијата го одзела возилото
Малолетник од Струга без законско право за управување моторно возило бил затекнат од полицијата како управува патничко моторно возило, извршен е разговор со лицето и возилото е одземено, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот и 50 минути, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16 – годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
– По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа, стои во соопштението.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга, како што е наведено, ќе поднесе соодветна пријава
февруари 27, 2026

