Connect with us

Вести

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решенија со кои целосно ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа се формираат два кривично-правни предмети, еден поврзан со пожарот во Кочани, а другиот со злоупотреби на европската ИПАРД програма, пренесе МИА.

Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот што на 16 март 2025 година избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– Со решението се одобрува во целост обвинителниот акт против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело, тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани – се наведува во соопштението од Судот.

Вториот предмет е насочен кон финансиски малверзации и примање поткуп поврзани со користење средства од ИПАРД програмата.

– Обвинителниот акт е однеува против пет физички лица за различни кривични дела и тоа: давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против четири други физички и едно правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата – се посочува во соопштението од Кривичниот суд.

Двата предмети ќе бидат распределени преку АКМИС системот кај надлежни судии. Откако ќе бидат насрочени главните расправи, термините ќе бидат објавени во Календарот за судење на веб-страницата на судот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1