Хроника
Вработен во музичко училиште вознемирувал малолетничка
Вработен во музичко училиште вознемирувал малолетничка, соопшти денеска СВР Куманово, од каде додаваат дека лицето е приведено.
– Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(60) од Куманово. Тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од Липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него, соопшти полицијата.
Тој е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
февруари 26, 2026

