Connect with us

Хроника

Возел без возачка низ Кавадарци, привремено одземено возило од кавадарчанец

Возел без возачка дозвола низ Кавадарци, привремено било одземено возило од кавадарчанец, кој бил лишен од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Рано утрово во 00:50 часот, на булевар „Кочо Рацин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода С.Ц., на возраст од 37 години, од овој град. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, појаснија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека по насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено и по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3