Хроника
Малолетник и 38-годишен кавадарчанец возеле низ Кавадарци без положен возачки испит, привремено одземени возила
Малолетник и 38-годишен кавадарчанец возеле низ Кавадарци без положен возачки испит.
Како што денеска соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 19:20 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен кавадарчанец.
– При контрола во сообраќајот бил сопрен мопед „педа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стeкне со право на управување, односно без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, малолетникот бил приведен во полициска станица, известени биле адвокат и родител на малолетникот, а возилото било привремено одземено, информираа од СВР – Велес.
Денеска во 1:30 часот, на улицата „8 Септември“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Н.М., 38-годишен кавадарчанец.
– При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено, додадоа од СВР – Велес.
По целосно документирање на случаите, како што соопштија од СВР – Велес, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
февруари 22, 2026

