Економија
Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа, вели Мицкоски
Лицата кои работеле во странство нема да платат данок доколку докажат дека компанијата преку која што биле ангажирани платила данок во земјата каде што биле ангажирани, објасни денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со известувањата на УЈП за плажање данок на лица кои работеле во странство.
– Сакам неколку работи да појаснам. Не станува збор за ретроактивен данок. Ова е закон кој што го донела претходната Влада на СДСМ и ДУИ, а УЈП бидејќи законскиот рок пред да застарат тие решенија на крајот на минатата година мораше да се обрати до лицата, како и сите граѓани во земјата, така и тие да го платат данокот којшто треба да го платат во државата. Ако тоа не го направеше УЈП тогаш ќе дојдеше некоја Влада после нас или можеби оваа Влада и же бараше кривична одговорност за УЈП односно за директорката дека го оштетила Буџетот. УЈП само поднесе известување до лицата дека треба во одреден рок да си ја подмират таа обврска. Имавме состанок кај мене во кабинетот, разговаравме со лица кои биле на различни делови во светот и донесовме заклучок тие да докажат дека фирмите коишто нив ги ангажирале платиле данок во земјата или земјите каде што биле ангажирани. И на тој начин УЈП нема да го наплати тој данок, рече Мицкоски.
Тој денеска заедно со министерот за транспорт Алексанар Николоски, заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, и директорт на ЈП за државни патишта Коце Трајановски беа во увид на работите на автопатот Гостивар – Букојчани.
февруари 21, 2026

