Хроника
Екс градоначалникот на Росоман заработи кривична – исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Кривична пријава против поранешен градоначалник на Росоман за злоупотреба на службената положба и овластување.
Како што информираат од МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднело кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
февруари 19, 2026

