Connect with us

Свет

Медински: Третата рунда преговори за Украина во Женева беше тешка

Третата рунда преговори за Украина, што се одржа вчера и денеска во Женева, беше тешка, изјави помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Тој рече дека разговорите во Женева вчера траеле многу долго во разни формати, а денеска околу два часа, и дека биле тешки. Медински рече дека следниот состанок ќе се одржи во блиска иднина.

Според руски извори, на состанокот во Женева не биле потпишани никакви документи.

Руската делегација ја предводеше Владимир Медински, американската делегација беше предводена од специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, а украинската делегација од началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов.

Кон крајот на јануари и почетокот на февруари во Абу Даби се одржаа затворени состаноци на работната група за безбедност, на кои учествуваа претставници на Москва, Киев и Вашингтон.

Беа дискутирани отворените прашања во мировниот план предложен од САД.

По втората рунда, Русија и Украина разменија воени заробеници во формат 157 за 157. Кремљ соопшти дека САД признале оти без решавање на територијалното прашање според формулата договорена на самитот во Алјаска нема надеж за долгорочно решение.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2