Connect with us

Свет

Зеленски: Преговорите во Женева беа тешки, разговорите ќе продолжат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните преговори во Женева меѓу Украина, САД и Русија биле тешки, но дека страните се согласиле да продолжат со разговорите.

„Гледаме дека е постигнат напредок, но засега позициите се разликуваат бидејќи преговорите беа тешки“, изјави Зеленски, објави „Укринформ“.

Зеленски истакна дека има напредок за воените прашања, имено во следењето на прекинот на огнот, но дека за политичките прашања – територии, нуклеарната централа во Запорожје и други чувствителни прашања – ставовите на страните се разликуваат и понатаму.

Тој истакна дека е постигнат договор оти американската страна ќе го почитува прекинот на огнот и го оцени тоа како конструктивно.

Истовремено, секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, на новинарите им изјави дека е постигнат напредок за време на вториот ден од трилатералните преговори во Женева.

„Разговорите беа интензивни и суштински“, рече Умеров наведувајќи дека биле разјаснети голем број прашања и дека целта на Украина останува праведен и одржлив мир.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3