Хроника
Полицијата приведе двајца возачи во Виница и Кочани – едниот со 1,14 промили алкохол, другиот без возачка
На магистралниот пат Делчево – Кочани, кај Виничка крстосница, синоќа во 19:50 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода И.В.(25) од Виница.
Како што информира СВР Штип, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал пријавениот.
По преземени мерки е констатирано дека тој возел и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категогија и дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,14 промили во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Штип.
Исто така вчера во 13:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.Д.(28) од Кочани.
При контрола во патниот сообраќај, наведуваат од СВР Штип, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал К.Д.и по преземени мерки е констатирано дека тој немал положен возачки испит.
Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
февруари 18, 2026

