Свет
Шмихал: Русија нападна енергетска инфраструктура во 12 региони на Украина
Цели на рускиот напад извршен преку ноќ беа објекти на енергетска инфраструктура во дванаесет региони на Украина, објави првиот вицепремиер на Украина и министер за енергетика, Денис Шмихал.
„Русија синоќа нападна вкупно 12 региони на Украина. Објектите на енергетска инфраструктура беа под комбиниран напад на ракети и дронови. Тимовите за итни интервенции веќе почнаа со поправка на оштетената опрема онаму каде што безбедносната ситуација дозволува“, напиша Шмихал на „Телеграм“.
Тој додаде дека „нападот бил намерен и насочен бидејќи операторот на дронови видел дека напаѓа цивили“.
„Ова е воено злосторство и неговите сторители мора да бидат казнети. Ќе го поставиме ова прашање на состанок на групата за координација на енергетската безбедност“, нагласи украинскиот министер.
По уште еден масовен руски напад, значителен број потрошувачи во Одеса и регионот Одеса, како и во регионите Запорожје, Донецк, Днепропетровск и Харков, се без електрична енергија од утрово.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 25 крстосувачки ракети и повеќе од 360 дрона за време на рускиот напад на украинска територија.
февруари 18, 2026

