Connect with us

Хроника

Приведен кавадарчанец, осомничен за кражба на мотоцикл

Полициски службеници лишиле од слобода 41-годишен кавадарчанец со иницијали Б.О., синоќа во 22:30 часот во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Тој се сомничи дека во гаража во градот, сопственост на Б.П., на возраст од 45 години од Кавадарци, извршил кражба при што одзел мотоцикл. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, појаснија од СВР – Велес.

Известен бил јавен обвинител и како што додадоа од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2