Вести
Да се подобрат состојбите и да се зголеми довербата на граѓаните во судството – очекува новиот член на Судскиот совет, Садула Изари
Очекувањата на судиите се исти како и очекувањата на граѓаните кон Судскиот совет, а тоа е да имаме поефикасно и независно судство. Нашата заедничка цел, на Судскиот совет, заедно со другите колеги, ќе најстојуваме да ги подобриме состојбите во судството и да го подигнеме нивото на доверба на граѓаните кон судството. Тоа е нашата цел, изјави денеска новиот член на Судскиот совет Садула Изари, кој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши.
Изаири истакна дека е нов член на Судскиот совет по предлог на судиите и им се заблагодарам на колегите кои гласале за него.
февруари 12, 2026

